Најстарата личност во светот го прослави 117 роденден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кане Танака е најстарата личност во светот, а својот 117-ти роденден го прослави во старечки дом во Фукуока, јужна Јапонија.

Loading...

На роденденската забава во неделата, присуствувале вработените во домот и пријателите, покажа телевизиската репортажа на TVQ Kyushu Broadcasting Co.

Танака, чиј роденден бил 2 јануари, зеде парче роденденска торта и со насмевка коментираше: „Прекрасно е, сакам повеќе“.

Танака беше прогласена за најстара жива личност минатата година, според „Гинисовата книга на рекорди“.

Танака е родена во 1903 година, мажена во 1922 година за Хидеа Танака. Двојката имала четири биолошки деца и едно петто кое го посвоиле.

Нејзината рекордна возраст ја симболизира долгогодишната популација на Јапонија, која со ниската стапка на наталитет предизвикува загриженост за недостигот на работна сила и можности за иден економски раст.

Според проценките на јапонското Министерство за социјална заштита, бројот на бебиња родени во Јапонија опадна за 5,9 проценти, на помалку од 900.000, прв пат откако владата започна да собира податоци во 1899 година.

Leave a Reply