Најскапото уметничко дело во светот се наоѓа на јахта

Сподели со своите пријатели

Најскапото ументичко дело во светот, ремек делото на Леонардо да Винчи „Салбатор Мунди“ (Спасител на светот), наводно се наоѓа на суперјахта на саудискиот принц Мохамед бин Салман. Локацијата на сликата беше мистерија откако е продадена за рекордни 450 милиони долари на аукција во Њујорк во 2017 година.

Loading...

Во понеделник „Артнет“ објави дека 500 години старата слика се наоѓа на јахта на принцот Мохамед вредна 500 милиони евра. Од Арнет велат дека „двајца застапници вклучени во трансакцијата“ на нивниот репортер им рекле дека уметничкото дело среде ноќ е префрлено на јахта на богатиот принц.

Со 36.000 евра шеикот Мохамед почестил персонал во црногорски хотел

Спасителот на светот, кој бил во центарот на бурата контроверзии поради сомневања дека ја насликал еден од асистентите на Леонардо, а не самио тој, требало да се појави на „Middle East“ излобжбата на париската галерија Лувр минатиот септември.

– Толку долго неоткриено, оваа ремек дело сега е наш дар на светот. Сакаме луѓето од целиот свет да сведочат на неговата убавина, рекол Мохамед Калифа ал Мубарак, претседател на канцеларијата за култура и туризам во Абу Даби, во јуни 2018 година.

Меѓутоа само недела дена пред закажаното отварање на 18 степември, изложбата е одложена и повеќе не е повторно закажана. Саудиската амбасада во Лондон и Вашингтон не одговорила на барањата за коментар за тоа каде се наоѓа сликата.

Ова ќе биде најголемата јахта во светот и ќе чини 680 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Идентитетот на купувачот останала тајна по акцијата се додека Њујорк тајмс не објави дека ја купил помалку познат член на саудиското кралско семејство, принцот Бадер бин Андулах бин Мохамед бин Фархан ал Сауд. Тој е близок пријател на принцот Мухамед и по аукцијата тој е именуван за прв министер за култура во земјата.

Loading...

MarineTrafiic, апликација која следи бродови, вклучително и суперјахти, покажува дека јахтата на саудискиот принц моментално се наоѓа во Порт Саид, египетски град во кој Суецкиот канал се среќава со Средоземното море.

Ако имате јахта и два авиони, следно е да добиете пасош од Малта (ФОТО+ВИДЕО)

Гардијан претходно извести за растечкиот тренд милијардерите да инвестираат во светски ремек дела на своите суперјахти.

Шеикот Мансоур бин Заиед ал Нахиан, сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер сити и заменик преимиер на Обединетите Арапски Емирати,има неколку стотици слики на својат суперјахта од 350 милиони фунти.

https://twitter.com/GDarkconrad/status/1138481465849720833

Leave a Reply