НАЈСКАПАТА ЕЛКА ВО СВЕТОТ: Црни дијаманти, злато и долари! (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Празниците доаѓаат, а со нив и украсувањето на елките.

Loading...

Така шпанскиот хотел „Кемпински Бахиа“реши да ја има најскапата елка на светот оваа година.

Елката во холот на хотелот е висока речиси 6 метри и е украсена со розови, црвени, бели и црни дијаманти.

Црвениот овален дијамант од 5,5 милиони американски долари е највредниот украс на дрвото, а се одликува и со розов украс вреден 2,6 милиони американски долари, како и девет црни дијаманти за кои се верува дека тежат 590.000 долари поединечно.

Исто така, има многу рачно изработени украси како снегулки и монистри изработени од вистински дијаманти и 24-каратно злато од луксузни производители како Булгари, Картиер, Шанел…

Еден од најекстравагантните украси на дрвото се Божиќните топки во чиј центар се наоѓаат лажни банкноти од 100.000 и еден милион долари опкружени со 24-каратно злато вредно 24 милиони долари.

Елката е дизајнирана од познатиот британски дизајнер Деби Вингам, кој пред само неколку години го привлече вниманието на светските медиуми како автор на најскапата свадбена торта, проценета на 75 милиони долари.

Исто така, Вингам влезе во историјата минатата година како дизајнер на најскапите потпетици што ги направи од розови и сини дијаманти во вредност од 17 милиони долари.

Loading...

Според изјавата од хотелот, дизајнерот бил инспириран од „модернистичката ера на уметничко деко што неодоливо потсетува на ерата на Гетсби“.

За американскиот весник Њујорк пост изјавил дека вредноста на украсите на ова дрво може да обезбеди доживотно снабдување со чиста вода за целиот град во африканската држава Танзанија.

За споредба, едно од најпознатите дрвја на светот пред центарот на Рокфелер во Њујотк вреди 74.000 долари.

Најскапата елка на светот, вредна 11 милиони долари во хотелот „Емирати Палас“ во Абу Даби, беше вклучена во Гинисовата книга на рекорди во 2010 година, а сè уште не е познато дали шпанската елка ќе успее да се квалификува за новиот рекорд.

Leave a Reply