Најсиромашната членка на ЕУ повторно оди на избори

Сподели со своите пријатели

Бугарскиот претседател Румен Радев во вторникот рече дека ќе го одреди 2 април како датум за петти парламентарни избори во земјата, две години откако неубедливите избори во октомври не успеаја да создадат функционална влада.

Loading...

Радев рече дека ќе го распушти парламентот на 3 февруари и изрази надеж дека пратениците ќе го искористат времето дотогаш за да ги одобрат законите потребни за да се обезбеди ефективно искористување на средствата од помошта на Европската унија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Фена.

Запрени планови

Најсиромашната членка на Европската унија сега повторно оди на избори.

Радев претходно изјави дека повторно ќе го именува актуелниот привремен премиер Галаб Донев да ја води земјата до формирањето на новата влада по предвремените избори.

Се очекува продолжувањето на политичката криза да ги запре плановите на Бугарија за приклучување кон еврозоната на крајот на оваа година, како и навремениот прием на милијарди евра од фондовите за опоравување на ЕУ, јавува Анадолија.