Најподготвените одреди на Вагнер се обидуваат да го опколат Бахмут

Сподели со своите пријатели

Командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирскиј изјави денеска дека ситуацијата околу опколениот Бахмут е „исклучително напната“.

Loading...

„И покрај значителните загуби, непријателот ги воведе во битката најподготвените јуришни одреди на Вагнер, кои се обидуваат да ги пробијат нашите одбранбени линии и опсадата на Бахмут“, рече Сирскиј, според соопштението на Воениот медиумски центар на Украина на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека воената ситуација околу градот Бахмут станува се потешка, пренесува Ројтерс.

Во ноќното видео обраќање Зеленски истакна дека ситуацијата околу Бахмут постојано се влошува и дека руските сили постојано уништуваат се што може да се искористи за зајакнување и одбрана на украинските сили.