Најопасно е да бидете на сонце од 11 до 17 часот: Последиците можат да бидат сериозни!

Сподели со своите пријатели

Луѓето често знаат да уживаат на сонцето и да заспијат, но дерматолозите предупредуваат на оваа лоша навика.

Loading...

Тие исто така истакнуваат дека е најопасно да се биде изложен на сонце од 11 до 17 часот.

Спиењето на топлина може да има многу последици.

 

 

„Да се ​​потпреме на кремата за сончање како единствена заштита од сонце воопшто не е паметна одлука. Ние секогаш промашуваме да нанесеме на некои делови, а кремата нема да не заштити цел ден”, вели портпаролот на британското здружение на дерматолози, Хариет Далвуд.

СПФ кремата треба да се нанесува на секои два часа бидејќи се отстранува со потење, а покрај тоа, треба да седите во сенка и да носите заштитна облека, очила за сонце и нешто што ќе ја покрива главата – особено ако одите на плажа од 11 до 5 часот попладне.

Loading...

Да останете подолго време на сонце ве изложува на ризик од изгореници бидејќи не сте свесни колку е силно сонцето.

 

 

Ако поголемиот дел од денот го поминувате на сонце, не заборавајте да се засолнете во сенка кога сакате да дремнете, а сепак да примените и заштитен фактор.

Д-р Клаудија Пастидес вели дека, покрај тоа што е лошо за кожата, подолгиот престој на сонце може да доведе и до дехидратација.

„Телото ќе ја регулира својата температура за да работи правилно, а еден од начините на кој тоа го прави е преку потење. Кога многу се потиме и не пиеме течности, може да станеме дехидрирани – ќе го препознаете тоа по слабост, замор, главоболки и вртоглавица. Исто така, може да предизвика топлотен удар“.

 

Loading...

Leave a Reply