Најновите истражувања покажаа: Над Антарктикот експлодирал метеорит со огромна широчина

Сподели со своите пријатели

Метеорит широк околу 90 метри експлодирал над Антарктикот пред 430 000 години, испраќајќи огнено топче од туѓ материјал на ледената површина, според најновото истражување на научниците кои живеат на Јужниот пол.

Loading...

Се смета дека ваквите експлозии се случуваат почесто од падот на метеорите или многу поголемите астероиди кои оставија кратери на Земјата, каков што е тој што уништи диносауруси пред 66 милиони години, објави Си-Ен-Ен.

 

 

Откривањето на такви вселенски карпи е, сепак, многу потешко, бидејќи оставаат многу малку траги во геолошките записи.

Матијас ван Гинекен, истражувач на Универзитетот во Кент, собрал 17 темни честички, помалку од еден милиметар, невидливи за човечкото око, додека бил на експедиција до планината Сор Рондан, на истокот на Антарктикот, каде што се наоѓа белгиската истражувачка станица „Принцезата Елизабета“.

– Прво забележав дека некои од нив изгледаат како да се лепат едни на други, што треба да се случи кога честичките ќе се стопат. Ова би значело дека многу од нив комуницираат кога се на многу висока температура. Ова е единствениот разумен начин да се објасни дека тоа беше огромен удар – рече Ван Гинекен, главниот автор на студијата објавена денес во списанието Science Advances.

Loading...

Leave a Reply