Најмногу дожд вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово вчера наврнале најголеми количества дожд. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, на метар квадратен во изминатите 24 часа, наврнале вкупно 19 литри воден талог.

Loading...

Според синоптичарите на УХРМ, претпладне во поголемиот дел од земјата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Во попладневните часови ќе се зголеми облачноста, а претежно во планинските региони ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.

Утре и во среда се уште во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирна нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.

Веќе од среда ќе има повеќе сочево време и ќе следува период на стабилно и релативно топло време.

Leave a Reply