Најмногу дожд вчера во Куманово, грмежи и силен ветер и попладнево

Сподели со своите пријатели

Најмногу дожд во изминатото деноноќие паднал на територијата на Куманово и тоа 17 литри воден талог на метар квадратен, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност ќе биде времето во текот на претпладневните часови. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, велат синоптичарите на УХМР.

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Никола Ивановски

Leave a Reply