Најмладата добитничка на милиони од лото ги потрошила парите на гради, дрога и забави: Сега живее од социјална помош

Сподели со своите пријатели

На најмладата добитничка на лотарија во Велика Британија, Кали Роџерс (33), ѝ се заканува казна откако под дејство на кокаин, својот автомобил имала сообраќајна несреќа со своето момче и потоа избегала.

Loading...

Мајка на четири деца во моментов живее од социјална помош откако потрошила 1,8 милиони фунти што ги освоила во 2003 година, кога имала 16 години.

Била на голем број на забави, три пластични операции на градите, а трошела и на дрога.

 

 

Таа потрошила нешто повеќе од 300.000 фунти на дизајнерска облека и дел од парите ги дала на семејството и пријателите, но и на привремените партнери.

Роџерс претходно за британските медиуми изјави дека сумата од милион долари ја одвела во очај. Таа била мета на лажни пријатели и партнери, и била жртва на напад неколку пати.

Loading...

Пред три години таа рече дека стравува за својот живот откако две жени ја нападнале на излезот.

По нападот, ја нашле во локва крв, имала неколку скршени ребра и уништени заби, а видот и бил трајно оштетен.

 

 

Медиумите често апелираат на подигнување на возрасната граница и лотаријата да им биде дозволена само на оние над 18 години.

– Имав само 16 години и целата таа одговорност. Може да го добиете најдобриот совет на таа возраст, но не сте во можност да го послушате. Бев премногу млада и преку ноќ преминав од безгрижно дете во возрасно лице – рече таа, пренесува Сан.

Leave a Reply