Најмалку тројца загинати и 80 исчезнати во свлечиште во Јапонија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа, а 80 се водат за исчезнати откако обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во јапонскиот град Атами за време на викендот, објавија во понеделникот локалните медиуми.

Loading...

За само 24 часа имало повеќе врнежи од просекот за целиот јули. Започнале да се јавуваат одрони, а реки од кал и карпи ги преплавиле улиците.

На почетокот на потрагата исчезнати биле 113 лица.

 

Климатските промени „ја пржат“ северната хемисфера

 

До пладне по локално време, бројот на исчезнати се намали на околу 80, објави новинската агенција Кјодо.

Околу 130 згради биле директно погодени од свлечиштата.

Loading...

Владиниот секретар Какунобу Като ги повика жителите да останат будни и истакна дека натопената земја ослабела и дека дури и слаб дожд може да претставува нова опасност.

 

Leave a Reply