Најмалку пет лица загинаа во руски напад во областа Доњецк на истокот на Украина, додека едно лице загина во напад на југот на земјата, соопштија денеска локалните власти.
„Три жени и двајца мажи загинаа“ во градот Костиантивка, на околу 20 километри западно од Бахмут, епицентарот на борбите со руската армија, објави украинската служба за итни случаи на Телеграм.
Во нападот ноќта меѓу четвртокот и петокот беше погодена зградата во која се наоѓа хуманитарниот прифатен центар во тој град.
Утрово во артилерискиот оган во селото Билозерка во областа Херсон, на југот на Украина, една жена загина, а четворица цивили се повредени, соопшти обвинителството.
Во бомбардирањето беа оштетени куќи, далноводи и гасоводи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.