Најмалку пет лица загинаа во пожар во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Пет лица загинаа, а 37 се повредени во голем пожар што избувна денеска на автопат во Јужна Кореја, соопштија службите за итни случаи на земјата.

Loading...

Националната противпожарна агенција соопшти дека тројца од повредените се во тешка состојба, додека 34 лица се полесно повредени, пренесува АП.

Медиумите јавуваат дека пожарот избувнал откако се судриле автобус и камион.

Претставник на националната противпожарна агенција на местото на настанот изјави дека причината сѐ уште е под истрага и пожарот е изгаснат.