Најмалку пет лица приведени во полициската акција во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што пренесува телевизија Телма, најмалку пет лица се уапсени утринава во полициската акција која ја спроведуваат специјалните единици на МВР за гонење на лица поврзани со настаните во „Диво Насеље“.

Loading...

Акцијата се спроведува главно во селата Брест, Малино и Отља – потврдил портпаролот на МВР, Иво Котевски за Телма.

Сите приведени се осомничени за дејствија поврзани со терористичката група која направи хаос на 9-ти и 10-ти мај годинава во населбата Тоде Мендол.

Приведените се на распит во Кривичниот суд во Скопје и се изведени пред судија за претходна постапка, а се приведени затоа што биле логистичка подршка на терористичката група.

Повеќе детали од Министерството за внатрешни работи најавија наскоро во текот на денот, а дел од порталите шпекулираат дека има уште двајца приведени, но таква потврда се уште нема од официјалните претставници на МВР.

Инаку, за потсетување во антитерористичката акција од мај годинава животот го загубија осум, а повредени беа над 30 полициски службеници, додека десет членови на терористичката група беа ликвидирани од страна на специјалните единици на МВР.

Триесетина од групата се предадоа и против нив се очекува наскоро да биде подигната судска посапка, затоа што се соберени сите докази и презентирани на одбраната.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.