Најмалку осум лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче, се повредени во руските воздушни напади во текот на ноќта врз областа Запорожје во Украина, изјави вршителот на должноста градоначалник на Запорожје Регина Харченко.
Loading...
Харченко на Телеграм напиша дека две ранети лица со тешки повреди се хоспитализирани.
Таа изјавила дека во експлозијата биле оштетени зградата и пет автомобили, пренесува Укринформ.