Најмалку осум лица загинаа, а 11 се повредени во денешната експлозија во градот Аден, на југот на Јемен, соопштија властите на таа земја.
Loading...
Експлозијата, како што наведоа, се случила во близина на безбедносниот пункт, кој се наоѓа пред меѓународниот аеродром во Аден.
Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, пренесува АП.
Експлозијата оштетила блиски згради и кафуле.
#عدن انفجار امام مطار عدن pic.twitter.com/4NaQ53ToZc
— شبكة أخبار عدن حرة (@AdenHurra) October 30, 2021