Вчера наутро избувна пожар во хостел во Велингтон, Нов Зеланд, при што загинаа шест лица.
Полицијата сега извести дека верува дека пожарот е подметнат и истрагата ја насочила кон потрага по сторителот.
Засега никој не е уапсен, изјави утрово инспекторот Дион Бенет, но не даде детали за причините поради кои веруваат дека пожарот е подметнат, ниту пак откри што можело да биде средството за палење.
10 people killed in fire at New Zealand hostel#newzealand #wellington #hostel #fire #fires #hostelfire #loaferslodge #hostels #nzpol #chrishipkins #torywhanau @Sanjubolbam pic.twitter.com/wNboXQkNrl
— Shekhar Pujari (@ShekharPujari2) May 16, 2023
„Бројот на загинатите може да се зголеми“
Во хостелот во моментот на пожарот имало 92 лица, а ден потоа сѐ уште нема точна бројка на исчезнати лица, изјави Бенет.
Сегашниот број на исчезнати е помалку од 20, вклучително и шест лица за кои е потврдена смртта, рече тој, пренесе Би-би-си.
„Сметаме дека бројот на загинати може да се зголеми“, рече Бенет.
Инспекторите допрва треба да утврдат дали изворот на пожарот е пожарот што избувна на каучот два часа претходно.
Екипите за итна помош сѐ уште се на местото на пожарот во хостелот „Лоферс Лоџ“.
Adelaide Road is currently closed between John Street and the Basin Reserve due to a fire at a Newtown hostel. pic.twitter.com/25EUZxzevl
— Wellington City Council (@WgtnCC) May 15, 2023
Пожарот избувна вчера во 00:25 часот и принуди десетици посетители да скокнат од креветот и да се обидат да излезат.
Некои скокнале од прозорците на четирикатницата, а петмина биле спасени од покривот пред пожарот да биде ставен под контрола околу 6 часот наутро.
Во зградата немало прскалки
Бенет рече дека не сите што биле во хостелот се пријавиле кај властите и ги повикал оние што успеале да избегаат од зградата да контактираат со полицијата.
Некои од посетителите ги оставиле телефоните во собите кога побегнале.
Групи полицајци непосредно пред тоа за прв пат влегоа во опожарената зграда на хостел за да започнат истрага, рече Бенет.
Влезот претходно не беше возможен поради загриженоста за безбедноста на зградата и нивото на загадувачи на кои се изложени истражителите.
Противпожарната служба претходно соопшти дека во зградата немало прскалки, што не е законски обврзано да ги има, а има и спротивставени извештаи за тоа дали и кога се вклучиле алармите за пожар.
„Идентификацијата е макотрпен и бавен процес“
Хостелот во Њутаун, во близина на центарот на Велингтон, беше дом на краткорочни и долгорочни станари, вклучително и работници во блиската болница.
Мареј Едриџ, шеф на мисијата на градот Велингтон, изјави за Радио Нов Зеланд дека клиентите на добротворната организација се меѓу оние што живеат во хостелот.
Деветте затвореници биле под надзор на Агенцијата за затвори на Нов Зеланд.
Премиерот рече дека меѓу исчезнатите е и неговиот универзитетски пријател.
Оние кои загинаа не се официјално идентификувани.
Главниот коронер Ана Татон во вторникот рече дека идентификувањето на телото може да биде „макотрпен, бавен“ процес.