Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите во Нигерија

Сподели со своите пријатели

Најмалку педесет луѓе загинаа во поплавите во Нигерија предизвикани од обилните врнежи, соопшти извршниот секретар на Националната агенција за управување со вонредни состојби Сани Јусуф.

Loading...

Тој за ТВ каналите изјави дека државата обезбедила 11 кампови за привремено сместување на граѓаните кои останаа без покрив над главата во поплавите во изминатите четири дена, јавуваат руските агенции.

Јусуф рече дека во поплавите се повредени стотици луѓе, а уништени се повеќе од 200 куќи и згради.