Најмалку 48 жртви во сообраќајна несреќа во Кенија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 48 лица загинаа во сообраќајна несреќа во западна Кенија, соопшти полицијата.

Loading...

Според полицијата и очевидци, до несреќата дошло кога камион кој превезувал транспортен контејнер излетал од патот и се судрил со неколку други возила, пренесува Ројтерс.

На снимката што ја објави локалната телевизија по несреќата, се гледаат превртени остатоци од автомобили и мотоцикли, како и оштетени минибуси и камиони.