Најмалку 30 лица загинаа во напад на војската во Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Најмалку 30 лица загинаа во центарот на Мјанмар, откако армијата на земјата нападна настан организиран од противници на воената влада, објавија медиумите.

Loading...

Цитирајќи ги жителите на областа Сагаинг, Би-Би-Си Бурма, Радио Слободна Азија (РФА) и вести порталот Иравади објавија дека до 50 луѓе, вклучително и цивили, биле убиени во нападот.

Како што пренесува Ројтерс, тие не можеле да ги потврдат овие извештаи, додека портпаролот на владејачката армија не одговорил на телефонски повик за коментар.

Припадник на Силите за народна одбрана (ПДФ), вооружена група која се спротивставува на хунтата, изјави за Ројтерс дека воени авиони пукале на церемонијата на отворање на нивната локална канцеларија.

„Засега сè уште не е познат точниот број на жртви. Сè уште не можеме да ги извадиме телата“, рече член на ПДФ, кој побара да остане анонимен.

Војската на Мјанмар, која ја собори избраната влада во 2021 година, наиде на меѓународна осуда за нејзините смртоносни напади врз продемократските противници и цивилите.