Најмалку 23 лица загинаа во израелските напади ноќеска – вклучително и семејство со три деца

Сподели со своите пријатели

Во израелските напади во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот загинаа најмалку 23 лица во Појасот Газа, соопштија медицински извори.

Loading...

Меѓу загинатите има три деца и нивните родители, кои беа убиени во напад на нивниот шатор во близина на јужниот град Кан Јунис, соопшти болницата Насер, која примила голем број мртви и ранети откако Израел го продолжи силното бомбардирање на Газа минатата недела, прекршувајќи го прекинот на огнот со кој заврши 17-месечната војна, пренесува АП.

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа повеќе од 50.000 Палестинци, а повеќе од 113.000 се ранети, соопшти Министерството за здравство на Газа, без да прецизира колку се цивили или борци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИДФ: Ракета истрелана од Јемен веројатно успешно пресретната од воздушната одбрана

Израел тврди дека убил околу 20.000 екстремисти, но не дава докази за тоа. наодите на АП.