Најмалку 16 лица загинаа во израелски напад врз куќа во Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во израелско бомбардирање на куќа во градот Газа, јавува палестинската агенција Вафа.

Loading...

Според извештаите, жртвите се претежно жени и деца.

Агенцијата претходно објави дека израелските сили утринава извршиле неколку напади врз Појасот Газа, меѓу другите, на населбите Зајтон и Ал Сабра, како и на населбите во близина на Рафа и Кан Јунис.

Според здравствените власти контролирани од палестинската милитантна група Хамас, повеќе од 31.000 луѓе во

Појасот Газа страда, а повеќе од 70.000 се повредени од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, пренесува Танјуг.