Најмалку 13 загинати во поплавите на Филипините

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот дел на Филипините, соопштија денеска локалните власти.

Loading...

Поплави го погодија островот Минданао.

Филипините се во состојба на готовност поради тропската бура Налга, која се очекува да ја погоди земјата во сабота или недела.

Метеоролозите соопштија дека обилните дождови се знак за претстојно невреме.

Околу 5.000 луѓе се евакуирани на северот на Филипините.