Најмалку 10 загинати во невреме во Индија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 10 лица го загубија животот во бура во југоисточна Индија, во сојузната држава Керала, а 18 лица се водат како исчезнати, објави „Хиндустан тајмс“, повикувајќи се на официјални извори во владата.

Loading...

Вонредна состојба е прогласена во шест области на таа индиска држава.

Најтешко погодена е областа Котајам каде 18 луѓе исчезнаа во поројот.

Најмалку 5.000 луѓе беа евакуирани низ Керала, објави агенцијата Тас.

Поради вонредните околности, владата одлучи да го одложи аџилакот во едно од најпознатите светилишта на југот на Индија, планинскиот храм Сабаримала.