Најмалите уживаа во предновогодишната забава на кумановскиот плоштад (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

На градскиот плоштад во Куманово денеска започна предновогодишната забава во организација на локалната самоуправа, а најмалите имаа можност да уживаат во настапи на танцови групи, но и да се сретнат со Дедо Мраз.

 

Loading...

 

Пред најмладите се претставија студиото за модерни танци „Фјужн“, балетското студио „Ултра“, а настапија и лицата со пречки во развојот од Дневниот центар за лица со попреченост и „Порака наша“.

 

 

Пред дечињата се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски кој им посака среќна Нова Година.

– Ви благодарам за 2017 година на сите, на најмалите им посакувам првично во 2018 да ги слушаат повеќе своите родители, своите професори, да редат и нижат само петки на школо и да бидат примерни и добри деца и граѓани, а на вас почитувани родители благодарност за се што направивте во 2017 за нашиот град, за нашата општина и нашата држава. Ви посакувам просперитетна и успешна 2018. година во која што ќе има живот за секој граѓанин на Република Македонија, рече Димитриевски.

Забавата продолжува вечерва со настапи на кумановските бендови: „Ben Adam“ и „TV Rage“, како и настапот на Аулона Ајрулау со со гитаристот Весим Митари.

 

Loading...