Најмал остров во светот: Има само една куќа и дрво (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Островот Just Enough Room припаѓа на архипелагот Илјада острови, кој се наоѓа на границата помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада.

Loading...

Многумина тврдат дека островот Hub, попознат како „Just Room Enough“ е најмалку населениот остров во светот.

 

 

Зафаќа само 310 квадратни метри на реката Сент Лоренс, помеѓу островот Харт и Империјалниот остров во близина на Александрија во округот Џеферсон во американската држава Њујорк.

Овој остров припаѓа на архипелагот Thousand Islands, кој се наоѓа на границата помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Носат ли црните мачки навистина несреќа? (ВИДЕО)

Најмалиот остров има минијатурна плажа

Околу 300 метри квадратни е доволен простор за сместување на куќа, дрво, трева и минијатурна плажа.

Локалните жители се шегуваат дека островот е толку мал што ако направите еден погрешен чекор на него, ќе завршите непланирано во вода.

 

 

Островот е во сопственост на богато семејство

Островот е во сопственост на богатото семејство Сисленд од 1950-тите. Сакале мирно место за одмор, па изградиле куќа на нивниот мал остров.

Loading...

Но, откако се прошири веста за постоење на остров на кој има само една куќа, многу луѓе станаа љубопитни, па почнаа да го посетуваат со чамци, пишува Punkufer.hr.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатна куќа во карпа изградена пред 100 години (ВИДЕО)