Најлуксузните одмори на светските ѕвезди: Пејачка искеширала 350.000 долари само за приватен авион

Сподели со своите пријатели

Познатите личности често ги посетуваат најпопуларните дестинации во светот, а за да уживаат во луксузот и удобноста, издвојуваат огромни суми пари. Ова се едни од најскапите и најлуксузни одмори за славни личности, кои или ќе ве остават без здив или ќе ви дадат доза инспирација при планирањето на вашиот одмор.

Loading...

 

 

Џенифер Лопез и Алекс Родригез во Франција

Иако веќе не е во врска со Алекс Родригез, кога првпат започнаа да се забавуваат, потрошија неверојатни суми пари на заеднички патувања. На самиот почеток на врската, тие ја посетија Франција, што секако изнајмија приватен авион кој чини нешто повеќе од 350.000 долари. Поранешните свршеници издвоија 160,00 долари за изнајмување јахта, додека платија повеќе од 11.000 долари за хотелска соба во Париз, пишува „Еонлајн“.

 

Loading...

 

Кајли Џенер на Туркс и Каикос

Кајли Џенер го освои светот на козметиката и брзо се најде на врвот на листата на богати луѓе – со само 21 година, Кајли беше прогласена за најмладата милијардерка која се самореализирала. Затоа, не е изненадување што оваа млада девојка одлучи да ужива во своите пари, трошејќи ги, меѓу другото, и на одмор. Кајли ги одведе своите пријатели, Софија Ричи и Стејси Караниколау, на одмор за да го прослават заедно лансирањето на нејзината козметичка линија, а според наводите, таа не штедела кога станува збор за уживањето и луксузот. Имено, Кајли трошела по 6.000 долари дневно само за сместување, пренесува „House Beautiful“.

 

 

Кание Вест и Ким Кардашијан на Бахамите

Кание Вест е едно од најголемите имиња на модната и музичката сцена, со богатство проценето на 1,8 милијарди долари. Кога се комбинира со парите на неговата тогашна сопруга, Ким Кардашијан, тој дефинитивно може да си дозволи одмор од соништата. Кога го славеше својот четириесетти роденден, Кание и Ким изнајмија огромна вила на приватен остров кој е дел од Бахамите. Наводно, тие трошеле 443.000 долари неделно за ова врвно уживање, пишува Observe.

Loading...

 

 

Бред Пит и Анџелина Џоли во Тајланд

Иако веќе не се заедно, кога Бред Пит и Анџелина Џоли беа среќно вљубени, со семејството заминаа на неверојатно скап одмор на Тајланд. Наводно, тие престојувале во одморалиштето Аманпури во Пукет, што само по себе ги чинело 18.000 долари за ноќ, а резервирале и приватна екскурзија со јахта, која ги чинела 10.800 долари. Кога им завршила неделата под сонцето, ги дочекала сметка од 126.000 долари, за седум дена уживање, пренесува „Дејли Меил“.

Leave a Reply