Најлуди даноци во светот: За воздух, кучиња, користење социјални мрежи…

Сподели со своите пријатели

Многу чест луѓето на шега знаат да кажат дека во светот само две работи се сигурни – смртта и даноците, а изгледа дека смртта е побезболна затоа што еднаш умирате, а даноците мора да ги плаќате повторно и повторно.

Loading...

Иако луѓето обично се помируваат со фактот дека плаќањето различни такси е задолжително, одредени земји сепак претеруваат со оданочување на одредени работи.

Она што нам ни изгледа смешно и чудно, во некои држави го сфаќаат многу сериозно и за тие работи плаќаат различни даноци. Најлудите даноци сепак ги имаат Уганда, Танзанија, Романија и Венецуела.

УГАНДА – СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Уганда на 1. јуни годинава воведе даноци за користење на социјални мрежи и апликации, како Фејсбук, Твитер и ВацАп. Со воведувањето на овој, многу контроверзен данок, граѓаните кои ги користат споменатите социјални мрежи, мора да платат 200 шилинга односно 0,05 долари дневно, но само во оние денови кога ги користат.

 

 

Loading...

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени изјавил дека данокот е неопходен за да државата може да се спротивстави на ширењето лажни вести на социјалните мрежи. Граѓаните на Уганда се противат на овој данок и ја обвинуваат владата дека им го крши правото на слобода на говор.

Ова не е прв пат Мусевени да донесе мерка против користењето на социјалните мрежи, затоа што во 2016. година за врреме на изборите ги суспендираше сите социјални мрежи во земјата, тврдејќи дека луѓето ги користеле за ширење лаги.

ТАНЗАНИЈА – БЛОГЕРСТВО

Од 16. март оваа година Владата на Танзанија воведе данок за сите креатори на онлајн содржини, кои се плаќаат на годишно ниво и тоа во износ од 440 долари. Со тоа, сите мора да добијат лиценца за да продложат да се занимаваат со таа работа.

 

 

Воведувањето на најновите даноци за блогување, всушност не се однесува само на блогерите, туку и на корисниците на социјални мрежи, членови на онлајн форуми, креатори на видеа и подкастови, онлајн радио и телевизија, но и претплатници на онлајн содржини.

Loading...

Исто така, од блогерите и креаторите на онлајн содржини се очекува да се регистрираат кај танзаниското регулаторно тело за комуникација, како и да прифатат дека нема да објавуваат навредливи содржини, како порнографија, голотија, насилство, говор на омраза, лажни вести и содржини кои можат да предизвикаат вознемиреност.

Почетните трошоци за регистрација изнесуваат 100.000 танзаниски шилинга, односно 44 долари. Потоа, блогерите и останатите креатори на содржини на интернет, мора да платат надокната за лиценца во износ од 440 долари, започнувајќи од годината во која добиле дозвола. Лиценцата може да се обнови по истата постапка секоја година. На прекршителите кои нема да се придржваат до оваа мерка им се заканува казна од 2.500 долари или година дена затвор.

ШВАЈЦАРИЈА – КУЧИЊА

Жителите на Швајцарија кои поседуваат кучиња, мораат да плаќаат годишен данок на своите домашни миленици инаку можат да им бидат убиени. Данокот не е точно утврден, туку зависи од големината на животното. Во зависност од општината, кучињата водичи и спасувачи можат да бидат ослободени од данокот или да добијат можност за намалување на таксата.

 

 

Како што можело да се очекува, како и со останатите даноци, луѓето понекогаш избегнуваат да го платат. За да се осигураат да граѓаните ќе го платат споменатиот данок, властите во селото Реконвилер, во кое има 280 кучиња се заканиле дека ќе ги убијат сите животни чии сопственици нема да платат данок. Во тоа време данокот изнесувал 48,50 долари годишно.

Loading...

Властите на ова село не биле сами на идејата з аубивање на кучиња чии сопственици нема да платат, затоа што од 1904. година постоел закон кој тоа го дозволувал, но бил укинат во 1960. година.

ГЕРМАНИЈА – РЕЛИГИЈА

Во Германија од католичките и протестантски верници се очекува да плаќаат одреден данок на доход за да ги финансираат своите цркви. Данокот го собира владата и потоа го проследува до црквите. Овој вид на собирање пари, претставува значителен приход за двете цркви во земјата.

 

 

Loading...

Единствен начин верниците да избегнат плаќање на данок е официјално да ја напуштат црквата, но од друга страна, тоа значи и губење на одредени привилегии. Секој Германец кој официјално ја напушта црквата, автоматски губи право на религиозен погреб и пристап до сите црковни и некои државни училишта. Исто така, не може да се исповедаат.

ВЕНЕЦУЕЛА – ДИШЕЊЕ

Венецуела всушност не наплаќа данок за дишење, туку воведен е посебен термин „данок за дишење“ во износ од 127 боливари, односно 20 долари и тоа за патници кои летаат од Меѓуанародниот аеродром во Каракас. Владата изјавила дека данокот е неопходен, за да се надокнадат трошоците за поставување нов систем за филтрирање на воздухот на аеродромот.

 

Loading...

 

ФРАНЦИЈА – ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ И ТАБЛЕТИ

Франција во текот на 2013. година размислувала да воведе посебен данок за користење на паметни телефони и таблети, кој би изнесува еден отсто од вредноста на уредот, а кој би се користел за финансирање и создавање француски филмови, музика и фотографија.

Данокот се заснова на политиката на културни исклучоци која е воведена во 1993. година, а според која од француските емитери се очекувало да плаќаат културна такса за финансирање и промовирање на француските културни проекти.

 

Loading...

 

АМЕРИКА – МИТО, КРАДЕНА СТОКА И ДРУГ ИЛЕГАЛЕН ДОХОД

Службата за внатрешни пригоди на Соединетите Држави (IRS) бара секој кој ќе прими мито, тоа да го пријави како дел од својот приход и за тоа да плати данок. IRS исто така бара да се пријавува приходот од илегални активности, како трговија со дрога, за да се плати соодветен данок.

Во случај на гражба, од крадците се очекува да платат данок за моментална пазарна вредност за украдените работи, а ослободен е од данок ако ја врати украдената стока истата година кога ја украл.

Оданочувањето на незаконски приходи е многу контроверзно. Тоа е во спротивност со Петтиот амандман, кој дава право лицето да се заштити од вплеткување во злосторство. Меѓутоа, IRS смета на тоа, па затоа секому кој се занимава со илегални работи му овозможува да не се открие на кој начин дошол до парите. Доволно е само да наведе други приходи и да плати адекватен данок.

Loading...

Озогласениот американски гангстер Ал Капоне отишол во затвор во триесетите години од минатито век поради затајување данок, а не за убиство, илегална продажба на алкохол и други криминални активности.

РОМАНИЈА – ВЕШТЕРКИТЕ ПЛАЌААТ ДАНОК

Вештичарењето и пророштвото на судбината претставуваат добар бизнис во Романија, каде многу луѓе се уште се суеверни, а данокот за ваква професија е воведен кога Романија се нашла во рецесија.

За да заработи што повеќе пари, владата наметнала даноци на неколку професии кои претходно не биле оданочувани. Ова вклучувало и контроверзни професии како вештичарење, пророштво на судбината, занимавање со астрологија, но и за професии како инструктор за нуркање и лични слуги. Според новиот закон, сите морале да плаќаат 16 отсто од приходот како данок.

Воведувањето на овој данок ги подели романските вештерки. Некои од нив сметае дека со оданочувањето, нивната професија станала признаена во земјата. Имало и такви кои не сакале да плаќаат данок, па се заканиле дека ќе фрлат магија врз владата.

Loading...

АМЕРИКА – МАРИХУАНА

 

 

Легализацијата на марихуана и натаму е предмет на дискусија во САД. Медицинската марихуана која можете да ја купите само со лекарски рецепт е легална во 29 држави и Вашингтон, додека рекреативната марихуана која ја земате поради задоволство и за која не ви треба рецепт, легална е во само девет држави и Вашингтон. Сепак, американската влада ја смета марихуаната за незаконски предмет и покрај контрадикторните државни закони.

Сепак, IRS бара од претпријатијата кои одгледуваат и продаваат марихуана, да исплатат сојузен данок на доход за оваа илегална супстанца, кој обично има поголем данок.

ГЕРМАНИЈА – РАДИО И ТЕЛЕВИЗИЈА

Во текот на седумдесетите години, Германија вовела посебен данок за граѓаните кои поседуваат радио и ТВ уреди. Тој изнесува околу 20 долари месечно и се користи за финансирање на државните телевизиски и радио мрежи. Данокот предизвика граѓански немири во 2013. година кога владата бараше сите граѓани да плаќаат, дури и ако не поседуваат радио и ТВ апарати.

Leave a Reply