Султан Косен (39) е турски фармер кој боледува од гигантизам и акромегалија поради хипофизата зафатена од тумор. Ова се случува кога оваа жлезда произведува премногу хормон за раст.
Благодарение на ова ретко пореметување, тој е носител на Гинисовиот рекорд на висина од 2,51 метри.
Косен, кој има курдско потекло, вели дека со текот на времето се навикнал да биде толку висок, но признава дека тоа понекогаш му предизвикува тешкотии и непријатност.
View this post on Instagram
За прв пат се ожени со 1,75 метри висока Сиријка Мерве Дибо (29) во 2013 година.
Меѓутоа, во едно интервју тој изјави дека најголем проблем со сопругата му е комуникацијата, бидејќи тој зборува турски, додека неговата сопруга само арапски.
Бракот траеше неколку години, а парот неодамна се разведе.
Новопечениот Косен веднаш скокнал во авионот и на почетокот на декември отпатувал за Москва во потрага по нова невеста.
View this post on Instagram
Тој рече дека слушнал дека Русинките поседуваат неверојатна убавина и „љубовна душа“, па решил да најде руска невеста која ќе му подари син и ќерка.
Во една емисија во понеделникот, Козен рече дека не верува дека ќе му биде тешко да најде жена.
View this post on Instagram
– Можам финансиски да го обезбедам и парите не ми се проблем. Би сакал да ја вратам жена ми во Турција. Живеам на историско место, на југоисток, но доста далеку од морето. Слушнав дека Русинките сакаат згодни, љубезни мажи. Треба да биде лесно! – Косен е оптимист и вели дека слушнал како Русинките кога ќе се заљубат вечно ги обожаваат своите избраници.