Најголемо масовно жртвување во историјата – Над 140 деца со извадени срца (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Перу археолозите откриле остатоци на над 140 деца на кои срцата им биле ритуално извадени, веројатно за да се „смират“ боговите.

Loading...

Девојчињата и момчињата на возраст од пет до 12 години биле убиени на варварски начин околу 1450 година пред нова ера на церемонија на Чиму цивилизацијата, која својот врв го достигнала во 15 век.

Гробницата наречена Хуанчакито Лас Ламас одалечена е помалку од еден километар од наоѓалиштето Чан Чан на брегот на Пацификот, во древната престолнина на Чиму цивилизацијата.

Археолозите сметаат дека ова е најголемо масовно жртвување било кога. Се верува дека децата се убиени така што градниот кош им бил отворен, а срцата отстранети, по што лицата им биле прекриени со црвен пигмент на база на цинобер. Бизарно е тоа што покрај лешевите на децата пронајдени се и околу 200 скелети на младенчиња од животното лама.

Научниците сметаат дека причина за паника која довела до овој ритуален масакр биле зачестените поплави и бури при атмосферскиот феномен „Ел нињо“. Оваа појава се формира во тропскиот дел на Тихиот океан и носи обилни врнежи во инаку сушните предели на Јужна Америка.

Авторот на студијата за оваа бизарна гробница е професорот по антропологија на Универзитетот ТУлејн во Луизијана Џон Верано, кој смета дека оваа откритие е ново поглавје за обичаите за жртвување на децата во далечното минато.

Loading...

– Откритието не изненади сите, никогаш немаме видено ништо слично, ниту во историските извори за северинот брег на Перу некогаш сме пронашле податоци за размери на жртвување, дали деца или лами, изјавил Верано.

И на човечките и на животински коски видливи се резови долж градните коски и траги на поместување нар ебрата, што најверојатно е направено при отстранувањето на срцат,а заклучува друг експерт, професор Габриел Приет, од Националниот универизтет во Трухија.

Дебел свој блато се наоѓа на длабочина на закопаните остатоци што, според археолозите, е доказ дека погребот е направен за време на обилни врнежи, а во него се пронајдени и сочувани остатоци од човечки и животински стапала. Иако е невозможно тоа да е случајост, научницит есепак мислат дека изливот на бруталност бил очаен обид да им се „удоволи“ на боговите за да се ублжат ефектите од феноменот „Ел нињо“.

Досега се пронајдени споредни траги од слични ритуали со најмлади високо во Анидте во цивилизацијата на Инките, но никогаш во толку голем број, додека во најеголемата слична церемонијална гробница откриена во Мексико, пронајдени биле 48 деца.

Leave a Reply