Најголемите социјални мрежи беа недостапни ширум светот

Сподели со своите пријатели

Најголемите светски социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и Вотсап во текот на вчерашниот ден беа недостапни во повеќе делови од светот.

Loading...

Корисниците ширум Европа имаа технички проблеми со користењето на Фејсбук, додека корисниците во Малезија и САД, покрај проблеми со Фејсбук, немале пристап ниту до Инстаграм и Вотсап.

Невозможноста за пристап до социјалните мрежи беше забележана и во Македонија.

Интернет сајтот Downdetector; кој ги следи проблемите во работата на популарните социјални мрежи и сајтови, навел дека се пријавени над 9.000 проблеми во врска со функционирањето на трите социјални мрежи во сопственост на компанијата Фејсбук.

Според тој сајт, Фејсбук бил во прекин од 06:30 наутро по локално врем на источниот брег на САД (12:30 по средновевропско). Сите социјални мрежи продолжиле со работ аоколу два и пол часа подоцна.

Сајтот објави и мапа на делови од светот од кои дошле најголемите жалби за работата на Фејсбук.

Loading...

Засега не е познаот што го предизвика преникот, но некои агенции претпоставуваат дека тоа се случило поради измени во работата на кампњата за огалси која е најавувана подолго време.

Најголемиот пад на Фејсбук се случи пре доколу месец дена, кога апликациите на социјалната мрежа престанаа да работат ширум светот во времетраење од најмалку 12 часа, а нголемиот „удар“ беше во Северна Америка и Европа.

Фејсбук го купи Инстаграм во 2012 и Вотсап во 2014 година. Повеќе од 1,52 милијарди луѓе дневно се активни корисници на Фејсбук.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *