Најголемата змија на светот пронајдена мртва, глетката ги скрши научниците

Сподели со своите пријатели

Најголемата змија на светот неодамна откриена, е пронајдена мртва во реката Формосо во руралната област Бонито во државата Мато Гросо до Сул во јужен Бразил.

Loading...

Северната зелена анаконда, долга речиси осум метри и тешка речиси 200 килограми, беше откриена од страна на научниците во прашумите на Амазон пред само пет недели и именувана како Ана Јулија.

Змијата била дебелта како автомобилска гума и имала глава со големина на човек.

 

@kumanovskimuabeti.mk Откриен нов вид анаконда #kumanovskimuabeti #zanimljivo #zanimljivosti ♬ original sound – Кумановски Муабети

 

Професорот Фрик Вонк (40), кој се гледа како плива покрај џиновската анаконда во видеото кое стана вирално, рече дека е „тажен и лут“ откако ја слушнал веста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Самсунг повторно е на прво место според бројот на продадени телефони

„Со голема болка во срцето сакам да ве информирам дека моќната голема анаконда со која пливав е пронајдена мртва во реката. Слушнав од различни извори дека била застрелана до смрт, иако се уште нема официјална потврда за причината за смртта. Јас сум толку тажен и толку лут во исто време. Колку треба да си болен за да му го направиш тоа на толку убаво и уникатно животно? Знаеме дека беше супер здрава и сè уште во нејзиниот цут, така што можеше да раѓа многу потомци во наредните години“, рече Вонк.

Loading...

 

 

Тој ја опиша смртта на ретката змија како огромен удар за биолошката разновидност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Починаа најстарите сијамски близнаци во светот

„Тоа беше најголемата змија што сум ја видел со свои очи. Пливав покрај неа најмалку еден час и таа изгледаше целосно незагрижена од моето присуство. Се надевам дека сторителите ќе бидат пронајдени и кривично гонети бидејќи ваквото однесување мора најстрого да се казни. Разбирам дека голема полициска истрага веќе е во тек на локацијата каде што беше пронајдена и се надевам дека сè ќе биде јасно наскоро“, рече Вонк, кој беше еден од 15-те научници вклучени во откривањето на северната зелена анаконда во февруари.

Пред тоа, само еден вид зелена анаконда беше препознаен во Амазон.

 

Loading...

 

Режисерот на филмот „Дивиот свет“ Кристијан Димитрис потврди дека мртвата змија е истата анаконда што е снимена како плива со Вонка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кој од овие мажи ви е најпривлечен? Психолошки тест кој ќе ви открие огромна тајна! (ВИДЕО)

„Ги споредив ознаките на нејзиното лице кои се како отпечатоци од прсти“. Сигурно е најпознатата анаконда во светот и целосно симболична за регионот“, изјави Димитрис.

Истрагата за смртта на Ана Јулија ја води воената еколошка полиција, пренесува Курир.