Најголемата промена во дизајнот досега: Гугл тестира нова почетна страница со голем број инфо картички

Сподели со своите пријатели

Во експериментот, Гугл сега има ред од шест јазичиња на дното на страницата. Има временски услови, трендовски пребарувања, „што да се гледа“, берза, локални настани и информации за КОВИД.

Loading...

Почетната страница на Гугл е историски позната по обезбедувањето чист интерфејс кој првенствено нуди само поле за пребарување. Според порталот 9to5Google, технолошкиот гигант сега очигледно тестира „зафатена“ почетна страница со серија инфо картички.

Во експериментот, Гугл сега има ред од шест јазичиња на дното на страницата. Има временски услови, трендовски пребарувања, „што да се види“, берза, локални настани и информации за КОВИД.

 

 

Сето ова изгледа многу слично на апликацијата на Гугл, која има листа на картички наречена „Discover“.

Кога беше лансиран најпопуларниот интернет пребарувач во светот, Гугл, тој се разликуваше од конкуренцијата пред се по начинот на кој пребаруваше на интернет, но и по изгледот на почетната страница.

Loading...

Во тоа време, популарните пребарувачи како Yahoo, MSN или Altaviste имаа почетни страници со содржина, а Гугл се истакнуваше со едноставен, чист дизајн, само со лого и поле за пребарување – и остана така до ден-денес, со мали додатоци.

Ако овој дизајн биде широко прифатен, тоа лесно ќе биде најголемата промена во дизајнот на почетната страница на Гугл досега.