Најголемата фабрика за клонирање е подготвена да произведува луѓе

Сподели со своите пријатели

Ксу Ксао Чун е кинески научник кој застапува една од најголемите фабрики за клонирање на светот и кој обелодени дека клонирањето на луѓе веќе е можно, но дека тоа, како што знаеме е забрането.

Loading...

Меѓутоа, објавување на овие вести ја вознемири јавноста, се уште никој не може со сигурност таквото клонирање да го потврди.

Технологијата е веќе тука. Потребно е само да ни дозволат да клонираме и тоа ќе започне – вели научникот.

Додека не дојде време кога клонирањето на луѓе ќе биде дозволено, во кинеското пристаниште Тианјин ќе биде изградена најголемата фабрика за клонирање на животни во светот.Ќе се клонираат кучиња, говеда и коњи за тркање.

Меѓутоа, едно е сигурно. Компанијата „Бојалајф“ во која работи овој научник, се занимава со клонирање, но на животни. Како што вели тој, ова е тест фаза и ниту едно животно во неа нема да биде повредено.

Моментално единствен начин да имате дете е мајката и таткото да го направат. Во иднина во тој случај можеби ќе бидат тројца кои ќе донесуваат одлука за раѓање на некое дете – вели Ксу.

Што се донесува до животните, научниците истракнуваат дека ќе се користат за да се подобрат расите и да се зголеми снабдевањето на планетата со месни производи, со оглед на фактот дека побарувачката на потрошувачите е се поголема.

Фабриката иницијално ќе произведува околу 100 илјади ембриони говеда на годишно ниво, а целта е таа бројка да надмина еден милион.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.