Loading...
Сиера Леоне се наоѓа на врвот на листата на земји со најбрз развој на туризмот, покажало истражувањето на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO).
Оваа западноафриканска земја минатата година пречекала 310% повеќе туристи за разлика од 2015 година.
Според неодамнешните податоци, 24.000 луѓе ја посетиле таа земја во 2015 година, но таа бројка минатата пораснала на 74.400 години. Таквиот голем пораст, земјата делумно го должи на тоа што кој крајот на 2015 година стави крај на епидемијата од ебола, што повторно ги привлекло туристите кои знаат за нејзините „тајни“ и преубави плажи.
Таа земја има прекрасни плажи, дождовни шуми богати со диви животни и интересна престолнина, препоплна со историски остатоци.
Полека бледеат и траговите на војната кои тука се одиграле, како и траумите при епидемијата од ебола, а туризмот може да пружи нова надеж во просперитетот на таа земја.
На листата оваа година е и Непал со порас од 39,7%, како и Исланд од 39%.
-
Сиера Леоне – 310%
-
Непал – 39,7%
-
Исланд 39%
-
Јужна Кореја 30,3%
-
Молдавија – 28,6%
-
Чиле – 26%
-
Виетнам – 24,6%
-
Јапонија – 21,8%
-
Лихтенштајн – 21,7%
-
Кирибати – 21,6