Најголем напад до сега: Русија испука над 700 дронови врз Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека синоќа Русија извршила најголем напад со беспилотни летала врз неговата земја и дека тоа покажува потреба од строги санкции против Москва и дополнителни казнени мерки против рускиот нафтен сектор.

Loading...

„Ова е напад што кажува многу – и се случи токму во моментот кога се вложуваат толку многу напори за постигнување мир, за воспоставување примирје, а сепак само Русија продолжува да ги отфрла сите овие напори. Тоа е уште еден доказ за потребата од санкции – строги санкции против нафтата, која ја снабдуваше воената машина на Москва со пари повеќе од три години војна“, напиша Зеленски на мрежата X.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров викендов ќе ја посети Северна Кореја

Како што додаде, потребни се дополнителни санкции за оние кои ја купуваат таа нафта и на тој начин „го спонзорираат убивањето“.

„Нашите партнери знаат како да извршат притисок на начин што ќе ја принуди Русија да размислува за завршување на војната, а не за извршување нови напади. Секој што сака мир мора да дејствува“, рече украинскиот претседател.

Тој рече дека во моментов се прават напори низ многу региони на Украина за отстранување на последиците од рускиот напад извршен синоќа, а главниот напад, како што изјави, бил насочен кон градот Луцк, додека штетата е пријавена, меѓу другите, во регионот на Днепар, Житомир, Киев, Кировоград, Николаев, Суми, Харков, Чекарски…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полската авијација во готовност поради руски напади

„Нов масовен руски напад врз нашите градови. Тоа беше најголем број воздушни цели за само еден ден: 741 цел – 728 дронови од различни типови, вклучувајќи повеќе од 300 „Шахид“ и 13 ракети – „Кинзал“ и „Искандер“. Повеќето од целите беа соборени. Беа користени наши пресретнувачи на дронови – беа соборени десетици непријателски дронови, а ние ја подобруваме оваа технологија. Мобилни групи за гаѓање се исто така активни и тие соборија десетици. Им се заблагодарувам на сите наши воини за нивната точност“, напиша Зеленски на мрежата X, пренесува Танјуг.