Најевтините европски градови за 2019 година

Сподели со своите пријатели

Британската компанија „The Post Office“ секоја година прави листа од најевтините градови во Европа, а оваа година на прво место се најде Вилнус, Литванија.

Loading...

Престолнината на Литванија е прогласена за наевтин европски град годинава, врз основа на споредбата на цените за туристичките атракции, градскиот превоз, храна, пијалаци, две ноќевања во двокреветна соба во хотел со три ѕвездички.

Според овие податоци, се испоставило дека Вилнус е најевтина опција, каде сето тоа чини 170 евра по личност, иако, треба да се напомене дека во тоа не е вклучен превозот до и од Вилнус.

Во извештајот се додава дека цените во литванската престолнина се 11 отсто пониски од минатата година, а ако размислувате да го посетите овој град, можеби ова ќе ве убеди.

На второ место се најде Белград и покрај тоа што, според извештајот, цените пораснале за 1,9 отсто во однос на минатата година. Сите споменати трошоци кои се земаат како критериум за листата, во Белград изнесуваат 174 евра по лице.

На трето место е Варшава каде трошоците се околу 185 евра, а следуваат Истабул (192 евра), Букурешт (193,5 евра), Порто во Португалија (199 евра), Рига во Телонија (206 евра), Братислава (209 евра), Москва со (215,5 евра) и Прага со (219 евра).

Leave a Reply