Најдолгите трепки на светот: Како оваа жена трепка воопшто? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинескињата Ју Џианси го држи светскиот рекорд за најдолги трепки од 28 јуни 2016 година. Во тоа време, нејзините трепки беа долги 12,4 сантиметри и тоа беа само трепките на левото око.

Loading...

Во меѓувреме, трепките од десното око ги стигнаа, па неодамна го сруши сопствениот рекорд – трепките во моментот се долги 20,5 сантиметри.

 

 

Она што ги зачуди сите беше фактот дека нејзините трепки почнале да растат така дури во 2015 година. До тогаш, тие биле прилично просечни во должини.

– Забележав дека тие растат ненормално во 2015 година. Оттогаш се незапирливи. Бев исплашена, се разбира, и отидов на лекар, но до денес ниту еден доктор не успеа да најде одговор на прашањето зошто ми се случува ова – вели таа.

 

Loading...

 

Таа вели дека ниту генетиката не е доведена во прашање, бидејќи никој од нејзините роднини не може да се пофали со особено долги трепки.

 

 

– Затоа мислам дека ова е дело на Бога. Долго размислував зошто ми се случува ова и се сетив дека пред неколку години поминав 480 дена сама на планина. Сигурна сум дека Буда ми го даде овој подарок тогаш – вели таа.

Сега, вели таа, не и треба маскара или ајланер за очи, па затоа и е многу полесно да ги поправи наутро.

Loading...

 

 

– Тие трепки ми донесоа само радост, без проблеми. И би сакала сите со извонредна убавина да се собереме и да ја прославиме нашата посебност – вели таа.

 

 

Leave a Reply