Најдобрите од „Денови на комедија“ добија признанија од Центарот за култура (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово денеска свечено ги додели наградите за најдобрите  од годинешното издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

За најдобра претстава беше избрана претставата „Секс и лаги“ на театар Куманово, а денеска наградата ја подигна младата актерска екипа која со истата претстава изминатиот месец настапи низ повеќе театри во државата.

 

 

Loading...

Димитар Ѓорѓиевски за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“  на Театар Прилеп, ја прими наградата за најдобар актер, додека за истата претстава Илина Ангеловска ја освои наградата за најдобра сценографија.

 

 

 

Најдобра костимографија е на Кирил Наумов за претставата „Службогонци“ на Драматичен Театар од Ловеч, Република Бугарија.

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Се враќаат ли високите температури?

Наградата за најдобра режија замина во рацете на Коле Ангеловски за режија за претставата „Паника во хотел Палас“ на Театар Струмица.

 

 

Наградата за најдобра актерка ја доби Горица Поповиќ од Атеље 212 – Белград за улогата на Флоренс Фостер Џенкинс во претставата „Славна Флоренс“, но поради здравствени причини денеска не присуствуваше на свеченото доделување на признанијата.

За прв пат фестивалот имаше натреварувачки карактер, а најдобрите ги избра стручно жири на чие чело беше актерката Магдалена Ризова Черних.

Loading...

Вели дека конкуренцијата беше добра, но изборот на наградите не бил тежок.

– За изборот на наградите не беше тежок, затоа што од секоја претстава тие што требаше да добијат награда самите се истакнуваа. Кога гледавме претстава, ако е за актер или актерка веднаш ќе се истакнат тие што треба да добијат награда и потоа разговаравме за тоа која улога е потешка, кој текст е потежок и така паѓаа одлуките, едногласни, вели Ризова Черних.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква била улогата на Куманово во обновување на разурнатото Скопје?

 

 

Кога се во прашање најдобрите претстави, вели дека изборот бил малку потежок, бидејќи се разгледувале низа аспекти.

Loading...

– Овие 12 дена додека траеше фестивалот уживавме и се надевам дека догодина ќе има уште подобри претстави и добро е што има ваков фестивал да дадеме ветер во грб на младите да се покажат затоа што имаат што да кажат, додава таа.

Актерката Александра Михајловска од Театар Куманово, кој ја доби наградата за најдобра претстава, вели дека се подготвувале со многу љубов.

– Екипата е составена од млади актери на Театар Куманово, имаме и гости кои се исто така млади кумановци. Ни беше големо задоволство да работиме заедно, ни беше многу убаво и има посебна радост и притисок кога се работи за „Денови на комедија“ затоа што знаеме дека нашата публика очекува многу од нашата претстава и затоа бевме пресреќни што добивме прекрасен фидбек и има големо побарување за претставата, вели Михајловска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  51-годишен кумановец натепан на градскиот плоштад

 

Loading...

 

Претставата веќе три пати целосно ја наполни салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“, а огромен одѕив имаше и кај публиката во Крива Паланка, Неготино и Гевгелија, додека следната недела ќе се игра на сцената во Кавадарци.

Воедно на денешната свеченост, Центарот за култура по повод патрониот празник додели признанија на своите долгогодишни вработени, како и благодарници на волонтерите кои се грижеа за годинешното издание на „Денови на комедија“.

 

Loading...

 Никола Ивановски