Најдете ги „долгите ракави“ – следува температурен шок

Сподели со своите пријатели

Денес времето ќе биде малку само потопло и за нијанса пооблачно во однос на вчера. Сепак станува збор за претежно сончев ден, во кој мала веројатност за слаб дожд ќе има во околината на планините долж северната граница, и тоа во попладневните часови.

Loading...

Температурата долж повардарието ќе има максимална вредност од 33°С до околу 36°С, околу 29°С во југозападниот крај и околу 32°С во низините од источниот регион.

Утрото ќе биде свежо, а минималната температура во низините ќе има вредност претежно околу 15°С.

Што се однесува до Куманово, времето денеска ќе биде сончево до умерено облачно до попладневните часови, додека подоцна со зголемување на болачноста не очекуваат слаби врнежи и грмежи и ветер од северозападен правец од 15км на час. Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени, а минималната изнесува 15 степени целзиусови.

Што се однесува до наредните денови веќе не очекува нестабилно и значително посвежо време во однос на температурите на кои сме навикнати. Така во четврток ќе имаме нестабилност со највисока дневна температура од 29 степени, додека во петок таа ќе опадне на 25, а веќе во сабота на 24 степени целзиусови.

Извор: МетеоПро/ AccuWeather


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.