Најден Бајдевски ќе претседава со Локалниот економско-социјален совет Куманово

Сподели со своите пријатели

Членовите на локалниот економско-социјален совет Куманово одржаа работна средба во просториите на Општина Куманово, на која повторно го реизбраа доскорешниот претседавач, Најден Бајдевски.

На средбата беа презентирани досегашните предвидени активности и понатамошните чекори на ЛЕСС.

– До крајот на годинава треба да се донесе нова стратегија за локален економски социјален совет која ќе ќе послужи како основа за креирање на локални политики во делот на: економија, бизнис опкружување и социјала, генерално треба да понуди решенија за подобрување на социо-економскиот живот на кумановци-изјави Ахмет Јашаровски од одделението за локален економски развој од општина Куманово.

ЛЕСС функционира како консултативно и советодавно тело во кое членуваат претставници од: Општина Куманово, организација на работодавци на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија, РСС Куманово, Агенција за вработување на Република Северна Македонија – Центар за вработување Куманово, ЈУ меѓуопштински центар за социјални работи како и здруженија.

МИА