Најбогатиот во светот стана уште побогат

Сподели со своите пријатели

Богатството на сопственикот на Амазон Џеф Безос повторно порасна и достигна нови рекорди, според листата на милијардери на Блумберг.

Неговото богатство достигна 150 милијарди долари, со што тој е далеку пред основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и неговите 95 милијарди долари.

Скок на цената на акциите на Амазон кој е основан од Безос е главната причина што акционерот со скоро 17 отсто, заработи 50 милијарди оваа година. Безос во 2014. година вредеше 32 милијарди долари.

Бојкот на работниците во Амазон ширум светот

Loading...

Историски, Безос сепак е далеку зад другите американски богаташи како што е нафтениот гигант Џон Рокфелер кој починал во 1937 година или кралот на челикот Ендру Кернеги кој починал во 1919 година, чие богатство денеска би достигнало 300 милијарди долари ако се земе предвид инглацијата, наведува агенцијата Франс пресс.

Безос го основал Амазон на почетоко како обична онлајн книжарница во 1994. година. Мултинационалната компанија денес е една од најмоќните во светот и диверсификува активност влегувајќи во клауд (складирање олнајн податоци), вештачка интелигенција и видео стриминг.

Објавата за неговото богатство стигна во време кога Амазон ја лансира својата супер промоција „Прајм деј“ кога на претплатниците им се нуди попуст во период од 36 часа.

Безос во 2013. година го купи и американскиот весник Вашингтон Пост.

Leave a Reply