Најбизарните градови во светот – во некои од нив живеат само џуџиња

Сподели со своите пријатели

Ако мислите дека соседните градови ви се чудни, откако ќе дознаете повеќе за градовит еод оваа листа, веројатно ќе го промените мислењето и ќе сфатите како живеете во мирен и досаден град.

Ви претставуваме 10 бизарни градови, кои се познати по бизарни имиња преку незамисливи архитектури до населби бо кои живеат само луѓе со џуџест раст.

Супилин, Естонија – Доколку сакате едноставност, осаменост и зеленчук, овој мал естонски град е вистинско место за вас. Многу куќи тука се дрвени и необични, а улиците носат имиња по видовите на зеленчук.

Мисола, САД – Го нарекуваат „американска престолнина на силувањето“, но тоа име всушност е целосно промашено. Во последните три години тука се пријавени околу 80 случаи на силувања, но тоа е всушност просечниот број за Америка.

Есидент, САД – сместен во Мериленд, овој град според пописот на населението од пред пет години има само 325 жители.

Елиста, Русија – Овој град уште е познат и под името „шаховски град“. Очигледно архитектите и дизајнерите биле заљубени во оваа игра, затоа што во градот на секој чекор может еда наидете на шаховски табли и останати работи поврзани со овој вид на спорт.

elista-printscreen-twitter-1452522182-821827

Темс, Кина – Иако е сместен во срцето на Кина, градот е чиста имитација на класичен британски град. Англиската архитектура, кујна, па дури и црвените говорници тука се пресликани, така да ако сакате да ја посетите Англија можете да го сторите тоа и во Кина.

Факинг, Австрија – Иако ова име го носи веќе со векови, глобално станал познат кога во Втората светска војна влегле американските и британските војници. Жителите еднаш се обиделе да го променат името, но сепак било заклучено дека на тој начин би дашале помалку туристи, посебно британските и американските кои тука ги трошат парите.

Монови, САД – се наоѓа во небраска, а веројатно е единствениот град на светот во кој живее само една личност. Тоа е стара госпоѓа, која поседува бар и книжара, а ги отвора само кога ќе наидат гости.

Населба на џуџиња, Кина – Веќе по името можете да заклучите за што станува збор. Ова мало слатко место во кое џуџињата можат да се чувствуваат удобно, без останатите да ги гледаат чудно. Но, за жал, градот се повеќе и повеќе станува туристичка атракција, каде „високите“ доаѓаат да го видат животот на џуџињата.

Кобер Педи, Австралија – Ова веќе сме го виделе на филмското платно, но во Австралија постои вистински град кој се наоѓа под земја, направен на место на напуштените рудници. Познат е како опуштено и интересно место, посебно за време на големите летни жештини.

coober-pedy-printscreen-twitter-1452522107-821825

Мајкјима, Јапонија – Оние кои живеат тука, платени се од страна на јапанската влада. Градот се наоѓа практично на активен вулкан и населението е изложено на висока концентрација на сулфур во текот на целиот ден. Многу од населението од тие причини се присилени да носат гас маски 24 часа на ден.