Најбизарна професија: Дозволува други да го тепаат и на тој начин заработува пари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турчинот Хасан Риза Гунај веќе 11 години дозволува луѓето да му викаат и да го тепаат.

Loading...

Што е уште побизарно, Хасан е посреќен колку повеќе луѓе го малтретираат. Зад сето тоа се крие необичен начин како мажот така да заработува за леб.

Хасан Риза Гунај од Турција бил претепан од луѓе кои сакаат да се ослободат од секојдневниот стрес и грижи, јавува агенцијата Анадолија.

 

 

Гунај е првата пријавена личност во Турција која оваа работа ја извршува под името „стрес тренер“ и која заработува за живот на овој необичен начин.

Овој Турчин со години работел во САД, а кога го отпуштиле таму не знаел што понатаму. Буквално се прашувал дали следната ноќ ќе спие на улица или не.

Loading...

Тогаш му дошла идеја дека може да го следи патот на турскиот актер Кемал Сунал, кој бил „стрес тренер“ во еден филм. И бизнисот е отворен и работи. Една од неговите денешни сесии трае меѓу 10 и 15 минути.

 

 

– Како тренер за стрес, го користам методот на викање, повикување, за да ги натерам луѓето да се ослободат од негативните мисли и емоции како што се анксиозноста, лутината, љубомората и стравот. Исто така, како метод носам маска што ја подготвив според фотографијата на лицето која ќе го налути или измами мојот клиент – вели Гунај.

На крајот додава дека не му е грижа што мора да добива удари, туку вели дека со текот на времето се навикнал на ваква работа.

 

https://www.youtube.com/watch?v=nglx8ux_KyU&feature=emb_title

Loading...