Нагла промена на температурата за 10 степени

Сподели со своите пријатели

Претпладне времето ќе биде со мала до умерена облачност, а во текот на денот претежно сончево и посвежо, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи..

Ќе дува засилен, а на моменти и силен северен ветер со брзина и над 80 км/час, особено вдолж Повардарието, каде брзината ќе достигнува и до 90 км/час. Утринска температура од 8 до 14, а дневната значително ќе опадне и ќе се движи од 15 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме драстичен пад на температуурата и ветер до 50 километри на час. Ќе биде сончево до умерено облачно, но температурата ќе изнесува 17 степени целзиусови.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура, која ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината. Во четврток поради разведрувањето утринските температури ќе бидат релативно ниски и ќе се движат од 1 до 8 степени.