Нафтата ќе поскапи поради нова такса, Заев порача да користиме електрични автомобили

Сподели со своите пријатели

Користење електрични автомобили, велосипеди и тротинети препорачува премиерот Зоран Заев со цел да се премине кон користење на зелената енергија, а поради тоа ќе се воведе и нова такса за нафтените деривати од 3,5 денари.

Loading...

ВО исто време ќе се намалу ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.

Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година.

– Еколошката такса од 3,5 денари на нафтата е со порака да се откажеме од нафтата и нафтените деривати и помало нивно користење за да преминеме на користење на зелена енергија, односно да се движиме почесто со велосипед, тротинет и електрични возила затоа што тоа го прави цел свет. Преку една ваква еколошка такса, средствата ги лоцираме директно во фондовите за инвестиции на обновливи извори на енергија, но истовремено и за амортизација при либерализацијата на пазарот на струјата затоа што сакаме да ја подготвите С. Македонија и граѓаните за меко спуштање при целото пазарно пласирање на цената на струјата со конечна цел да нема покачување на цената на струјата оваа година, истакна Заев.

Намалувањето на ДДВ-то на струјата се планира околу 1 јули и според премиерот тоа ќе важи до 1 јули 2022 година кога ДДВ-то ќе биде 10 проценти до 1 јули 2023 година и кога повторно ќе се врати на 18 проценти.

Никола Ивановски

Leave a Reply