Надлежните на увид во изградбата на патот Пчиња – Вак’в (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денеска претставници на државни и јавни институции заедно со месното население од селата Пчиња и Вак’в извршија увид во изградбата на регионалниот патен правец што ги поврзува двете населени места.

Loading...

 

 

На увидот присуствуваа директорот на ЈПДП Коце Трајановски, пратеникот Даниел Стојчевски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на ЈП „Водостопанство“ Филип Филиповски и претставници од ЈП „Македонија пат“.

 

 

Loading...

„Овој патен правец се гради на барање на Општина Куманово, финансиран е од годишната програма на ЈПДП, а го изведува ЈП ‘Македонија пат’, со цел регионално поврзување на Општина Куманово со Општина Петровец,“ беше истакнато при увидот.

 

 

Според најавите, целосната траса на патот ќе продолжи преку селото Винце, а во координација со претставниците на надлежните јавни претпријатија, таа делница треба да биде предвидена во годишната програма за 2026 година.

 

 

Loading...

По увидот, гостите на покана на мештаните присуствуваа на прославата во црквата „Св. Тројца“ во село Вак’в, која беше организирана од локалното население.

 

Никола Ивановски