Над 800 ученици утре во Куманово ќе бидат дел од „Мали олимписки игри“

Сподели со своите пријатели

Најмасовната спортска манифестација во државата, која традиционално се реализира во образовниот систем  позната како „Мали олимписки игри “ оваа година ќе се одржи на 10 мај во Куманово, кој оваа година слави голем јубилеј 500 години од постоењето. 

Loading...

– Планирано е натпреварите да се реализираат од девети до единаесети мај. Организатор на овие игри е Федерација на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт, Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово, информираат од локалната самоуправа.

Во овие игри ќе настапуваат најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата во повеќе спортови со бројка од 800 – 1000 ученици.

Ќе се одиграат по два натпревари во футсал, кошарка, фудбал и атлетика во период од 09:30 до 11:30 часот и тоа:

  • Кошарка категорија мажи средни училишта – Спортска сала на СОУ „Перо Наков“
  • Футсал категорија жени средни училишта – Спортска сала на ООУ „Магдалена Антова“
  • Футсал категорија мажи основни училишта – Спортска сала на ООУ „Христијан Карпош“
  • Фудбал мажи основни училишта – Градски стадион Куманово
  • Фудбал жени основни училишта – Фудбалски стадион на ФК Речица
  • Атлетика  категорија мажи и жени од средни и основни училишта – Атлетски полигон „Соколана“

Манифестацијата се очекува да заврши околу 13 часот кога ќе се доделат и дипломи и пехари за најдобрите екипи.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *