Над 800 лица во Куманово лани сториле кривични дела

Сподели со своите пријатели

Вкупно 811 полнолетни лица во текот на 2018 година сториле кривични дела на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Најмногу престапници има од областа на имотните деликти и тоа вкупно 263. Шеесет и едно лице се сторители на кривични дела против животот и телото, 25 од областа на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Од областа на јавните финансии и платен промет вкупно 33 лица го прекршиле законот, 34 од областа на бракот и семејството.

Вкупно 21 лице сториле кривично дело од областа на општата сигурност на луѓе и имот, во правниот сообраќај 26 лица, 79 полнолетни кумановци го нарушиле јавниот ред и мир. Најмалку сторители на кривични дела има од областа полова слобода и полов морал, односно шест лица. Останатите 55 лица се класифицирани како „друго“.

Кумановскиот суд лани осудил 100 граѓани, од кои само четири жени. Биле изречени 38 казни, од кои 16 затворски и 21 парична казна.

Биле изречени 62 алтернативни мерки, а исто толку лица завршиле и во затвор.

Leave a Reply