Над 580 сторители на кривични дела регистрирани минатата година во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 581 лице во Куманово минатата година влегле во евиденцијата како сторители на кривични дела, покажуваат податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Најмногу сторителите на кривични дела има во областа на имотните деликти, вкупно 166, по што следуваат оние во областа на безбедноста на јавниот сообраќај, вкупно 105.

Loading...

Во областа на јавниот ред и мир лани биле сторени 50 кривични дела, по што следуваат кривични дела против животот и телото – 13, исто толку кривични дела по службена должност. Против слободите и правата на човекот и граѓанинот имало 24 ривични пријави, 25 од областа на јавните финансии и платниот промет, 28 од правниот сообраќај, а а најмалку од областа на половата слобода и половиот морал. Во други категории има 36 кривични дела, покажува статистиката на Државниот завод.

Во Куманово минатата година биле осудени вкупно 182 лица, од кои само седум биле жени.

Судовите изрекле 75 казни, од кои најмногу затворски, вкупно 40, додека парични биле само 24, а биле изречени и две забрани за управување со моторно возило.

Како алтернативни мерки биле изречени 107 казни, меѓу кои најмногу условна осуда, вкупно 105, а две биле парични казни.

Статистиката се однесува на полнолетни лица.

На државно ниво, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во 2019 година, во споредба со 2018 година, е зголемен за 5.6 %.

Во 2019 година, во споредба со 2018 година, бројот на осудените полнолетни лица е намален за 19.8 %, а бројот на обвинетите лица е, исто така, намален за 21.4 %.

Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2019 година, во споредба со 2018 година, е намален за 5.2 %.

Loading...

Во 2019 година, во споредба со 2018 година, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е намален за 7.9 %.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *